Секогаш добро ќе ви дојде некоја брза рецепта за предјадење …
Потребно е:
250 гр лиснато тесто
1 корен од целер со средна големина
200 мл кисела павлака
сок од лимон
сол, бибер
1 јајце, за премачкување
сусам или ким, за посипување
сецкан свеж власец
Подготовка:
– Лиснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го со сукало.
– Со остар нож исечете го на ленти со широчина 1-1,5 см.
– Лентите тесто намотајте ги на модли (ако немате модли направете фишеци од картон и обложете ги со алуминиумска фолија). Потоа наредете ги во тава и премачкајте ги со разматено јајце и посипете сусам или ким.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени околу 15 минути или додека да добијат убава румена боја.
– Печените корнети внимателно извадете ги од модлите и оставете ги да се изладат.
– Излупете го целерот и ситно изрендајте го. Испрскајте го веднаш со сок од лимон за да не потемни.
– Додадете ја киселата павлака и посипете со сол и бибер по вкус. Убаво измешајте и со оваа смеса наполнете ги корнетите од тесто. На крај посипете со сецкан свеж власец.