Изненадете ги вашите домашни со овој интересен ручек …
Потребно е:
4 пилешки копани без кожа
500 гр лиснато тесто
200 гр компири
15 гр свеж млад спанаќ
сол, бибер
масло
Подготовка:
– Излупете ги компирите, исечете ги на мали коцки и ставете ги да се варат околу 10 минути. Исцедете ги, зачинете и изгмечете ги со вилушка.
– Кај компирите додадете ги листовите спанаќ и измешајте. Оставете ги на страна додека ги подготвувате копаните.
– Посолете ги копаните и посипете со бибер. Испржете ги на врело масло од сите страни, околу 15 минути.
– Одмрзнатото лиснато тесто со сукало развлечете го на работна маса со димензии 40х40 см. Исечете го на 4 квадрати (20х20 см).
– На средината на секој квадрат тесто ставете од филот со компири и спанаќ. Ставете по еден копан и завиткајте го во лиснатото тесто (како на сликата). На врвот врзете го со кујнски конец.
– Ставете ги во тава на хартија на печење и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30-40 минути.