Копани на провансалски начин

Од:

Почувствувајте го вкусот на Медитеранот со денешниот вкусен ручек …

Потребно е:
5 поголеми пилешки копани
8-10 ливчиња свежа жалфија
2-3 гранчиња свеж темјан
2-3 гранчиња свеж рузмарин
1 морков
3 помали главици црвен кромид
5 чешниња лук
1 пакување смрзната медитеранска мешавина
маслиново масло
сол, бибер
мелен сув зачин
250 мл пилешка супа
200 мл бело вино
200 мл сок од домати

Подготовка:
– Копаните измијте ги и исушете ги. Под кожата на секој копан пикнете листови жалфија. Месото од сите страни премачкајте го со маслиново масло и посипете со сол и мелен бибер.

– Во тава за печење наредете ги батаците и ставете ги во загреана рерна на 200 целзиусови степени малку да се запечат околу 15 минути.

– За тоа време помешајте ги сокот од домати и виното.

– Извадете ја тавата со копаните од рерна, тргнете ги копаните и во тавата ставете ја медитеранската мешавина, ситно сецканиот лук, на ливчиња сецканиот кромид и на тркалца исечениот морков.

– Вратете ги копаните во тавата, сипете ја супата и мешавината од сок од домати и вино. Посолете и зачинете со мелен сув зачин.

– Преку батаците наредете ги гранчињата темјан и рузмарин и вратете ја тавата во рерна да се допечат батаците уште 45 минути, односно додека не омекнат копаните и зеленчукот. Послужете ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска