Компанијата „Carnival Kruise Lines“ е во потрага по „најзабавното“ семејство во Велика Британија, кое ќе има задача да ги тестира забавните содржини на нивните бродови, како и комплетната услуга.
За потребите на истражувањето, избраното семејство ќе плови по Карибите и Медитеранот и ќе дава оценки за храната, забавата и кабините.
Шанса ќе добијат оние семејства чии татковци ги зборуваат најдобрите вицови, мајките знаат што значи да се ужива во спа центар, а децата ги сакаат спортските активности.
Прва задача ќе биде оценување на понудата на „Carnival Sunshine“ крузерот во текот на деветдневното пловење низ Медитеранот, а потоа „Carnival Бреезе“ на патот од Мајами до Бахами.