Колку чини вечера со пиво во Лас Вегас?

Од:

Вечера во ресторанот Омниа во Цезар Палатата во Лас Вегас чини 2.500 евра, а пиво во еден просечен ноќен клуб – дури девет долари.

Порталот Казино направи ценовник за најголемите казина и клубови во овој град. Така, туристите можат подробно да го испланираат својот престој во хотелите како Белаџио и Мандалај Беј.

Една ноќ во клубоу Мираж ќе ве чини 200 долари. Малку поевтин е Џеј`с Најт клаб, каде би потрошиле во просек 184 долари, или пак Тако Најт клаб – 114 долари. Цените важат за четири лица и вклучуваат една тура пиво.

Најевтиното пиво ќе го најдете во Мандалај Беј – за „само“ седум долари.

– Вегас е прилично скап град, па сакавме да им помогнеме на туристите да си поминат убаво, и да заштедат што е можно повеќе. Излегувањето во најдобрите клубови во градот никогаш нема да биде евтино, а токму во соработка со тие клубови, цените сега може да се видат на нашата интернет страница, изјави уредникот на порталот, Дејвид Шелдон.

Лас Вегас лани го посетиле 37 милиони туристи.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска