„Али Баба“ е волшебна колекција, со украси од ориентално потекло, со мали скапоцени детали и префинети везови.
Богат материјал, сребрена декорација која ги опкружува вазните, исто како кај килимите.
Тенок, перфориран чаршаф од сребро, кој како чипката, прекрива и прави различни чаши, чајници и ѓезвиња.
Везовите на материјалите цртаат имагинарни профили на вазни и садови со неочекувани облици.
Наос, Алнаир, Каф, Денед, Гема, Мизар, Персеи, Седир, со овие имиња, илјадници години порано, Арапите ги нарекувале некои од најспектакуларните ѕвезди кои се појавувале пред нивните очи: денес тоа се имиња на предмети од „Али Баба“ колекцијата.
„Али Баба“ е сеопфатна колекција, вистинско изненадување, неверојатен интелектуален и креативен труд кој настанал од внимателно истражување на корените на Блискиот Исток, во неговата култура како и стилот, и посебно оние кои се марокански кои потсетуваат на скапоцености од некои барокни предмети.