Едноставен рецепт за меки колачиња со моркови и арома на цимет …
Потребно е:
260 гр брашно по желба (бело, интегрално, пченично …)
2 лажичиња прашок за пециво
2 лажичиња цимет во прав
200 гр ореви
2 јајца
260 гр шеќер
150 мл масло
300 гр пире од моркови
Подготовка:
– Морковите излупете ги, исецкајте ги на коцкички или крупно изрендајте ги и ставете ги да се варат додека да омекнат. Потоа исцедете ги и испасирајте ги во пире. Оставите да се излади.
– Во еден сад измешајте ги сите состојки и пирето од моркови.
– Со лажица земајте од смесата со мало лажиче и редете ги во тава обложена со хартија за печење. Над ставената смеса ставете по уште едно лажиче од смесата за да бидат повисоки. Помеѓу колачињата оставајте растојание од неколку сантиметри.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути. Кога ќе почнат малку да темнеат тогаш се готови .
– Колачињата внимателно одвоите ги од хартијата и ставете да печете втора тура.
– Ова се меки колачиња, не се крцкави.