Љубителите на кикирики ќе уживаат во префинетата арома на овие прекрасни колачиња …
Потребно е:
за првиот дел:
300 гр шеќер
100 мл вода
125 гр маргарин (или путер)
100 гр мелени кикирики
125 гр мелени бисквити
125 гр млеко во прав
за вториот дел:
200 гр шеќер
75 мл вода
125 гр маргарин (или путер)
100 гр млеко во прав
100 гр мелени бисквити
150 гр сецкани кикирики
Подготовка:
на првиот дел:
– Измешајте ги водата и шеќерот и ставете ги на рингла. Варете додека не почене да врие и потоа уште 1-2 минути. Во тоа додадете го млекото во прав, мелените бисквити, кикирики и маргарин. Мешајте брзо за да се изедначи целата смеса.
– Оваа смеса сипете ја во тава која претходно сте ја намастиле со малку масло и испрскале со неколку капки лимон. Убаво рамномерно распоредете ја целата содржина.
на вториот дел:
– Во едно тенџерче на рингла растопете го шеќерот со постојано мешање додека не добие фина боја на карамел. Пазете да не го препржите.
– Кога ќе биде готов карамелизираниот шеќер додадете ја водата и оставете да се растопи целиот шеќер. Во тоа додадете го млекото во прав, мелените бисквити, сецканите кикирики и маргаринот (или путер).
– Оваа смеса рамномерно распоредете ја над првата во тавата.
– Оставете го колачот на ладно да се стегне. Кога фино ќе се излади и двете смеси ќе се стегнат убаво исечете го на мали коцки како карамели.
Напомена: По желба можете да додадате малку чоколадни трошки во вториот дел.