Суви, крцкави, одлични бисквити …
Потребно е:
260 гр брашно
75 гр какао во прав
1 лажиче сол
1 лажиче сода бикарбона
85 гр путер
200 гр шеќер
2 јајца
150 гр бланширани бадеми
150 гр темно чоколадо
100 гр суви црни рибизли
Подготовка:
– Бадемите и чоколадото крупно исецкајте ги.
– Во еден сад измешајте ги брашното, какаото, солта и содата.
– Во друг сад со миксер изматете омекнатиот путер и шеќерот. Додадете ги јајцата едно по едно. Додадете ги бадемите, чоколадото и црните рибизли. Убаво измешајте.
– Тестото поделете го на два дела и обликувајте ги како векни. Ставете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 35 минути или додека векните не бидат тврди на допир.
– Извадете ја тавата од рерна и оставете 5 минути да се изладат. Векните со нож исечете ги на кришки.
– Кришките вратете ги во тавата со сечената страна кон доле и вратете ги во рерна да се допечат уште 10-тина минути, за да станат крцкави.