Вкусни колачиња со бадеми …
Потребно е:
100 гр бадеми
200 гр брашно
1 прашок за пециво
100 гр шеќер
2 зелени лимони (лимети)
2 портокали
2 јајца
400 мл млеко
1 стапче ванила
1 конзерва кокосово млеко
500 гр банани
Подготовка:
– Бадемите исецкајте ги ситно и помешајте ги со брашното, прашокот за пециво и шеќерот. Додадете ги кокосовото млеко и испасираните банани. Убаво измешајте.
– Горната смеса сипете ја во калап за мафини кој претходно малку сте го намастиле и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути.
– Додека се печат колачите направете го кремот од ванила. Во сад на рингла ставете ги млекото, шеќерот, жолчките и стапчето ванила. Убаво измешајте и варете со постојано мешање додека да се згусне кремот, околу 15 минути.
– Печените колачи сервирајте ги со исчистен портокал, парче лимета и крем од ванила.