Здрав колач без брашно, шеќер и јајца …
Потребно е:
за кората:
100 гр бадеми
150 гр суви смокви
2 лажици семки од лен
2 лажици кокосово брашно
1/2 лажица вода
1/2 лажиче цимет
за кремот:
75 гр индиски ореви
125 мл кокосово млеко
2 лажици мед
1/2 лажиче екстракт од ванила
50 гр кокосово брашно
за сервирање:
4-5 свежи смокви
Подготовка:
– Потопете ги индиските ореви во ладна вода и оставете ги да стојат преку ноќ во водата.
– За кората, ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте ги да добиете леплива смеса.
– Калапот за леб обложете го со пластична фолија и распоредете ја смесата за кората. Убаво втиснете ја со прсти или силиконска шпатула. Ставете го калапот во замрзнувач додека го правите кремот.
– За кремот, во блендер ставете ги исцедените индиски ореви и блендирајте неколку минути. Додадете ги кокосовото млеко, медот и екстрактот од ванила и продолжете со блендирањето додека да добиете глатка, кремаста маса. Додадете го кокосовото брашно и уште еднаш кратко изблендирајте.
– Извадете ја кората од замрзнувач и рамномерно нанесете го кремот. Вратете го колачот во замрзнувач најмалку 2 часа.
– Извадете го од замрзнувач 15 минути пред да го сервирате, декорирајте со свежи смокви и внимателно исечете го со остар нож.