Колач со суви сливи и кокос

Од:

Потребно е:
1/2 лист поголема обланда

за темниот дел:
600 гр
 суви сливи
100 мл вода
125 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење (посно)
100 гр мелени кекси

за посветлиот дел:
200 гр шеќер
200 мл вода
125 гр маргарин
250 гр кокос

за преливот од чоколадо:
100 гр чоколадо
4 лажици масло

Подготовка:
– Сувите сливи сомелете ги или ситно исецкајте ги. Во еден сад ставете ги сувите сливи, 100 мл вода и 125 гр маргарин и ставете го садот на рингла да почне да врие водата. Потоа додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи.

– Садот тргнете го од рингла и додадете ги мелените кекси. Оваа смеса уште додека е топла ставете ја на 1/2 лист од поголема обланда. Израмнете и оставете да се излади убаво.

– Сега преминете на подготовка на посветлиот дел. Во еден сад на рингла ставете 200 гр шеќер, 200 мл вода и кога кога ќе се растопи шеќерот додадете 125 гр маргарин да се растопи и потоа додадете 250 гр кокос. Белата смеса ставете ја над темната додека е уште топла.

– Истопете 100 гр чоколадо со 4 лажици масло и прелијте го колачот. Оставете убаво да се излади и да се стегне чоколадото и исечете го колачот на правоаголници.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска