Колач со сливи и лешници

Од:

Совршено …

Потребно е:
600 гр исчистени сливи
1 лажиче цимет
1 ванилин шеќер
70 гр брашно
60 гр крупни мелени лешници
50 гр крупно мелени ореви
100 гр шеќер
100 гр ладен путер исечен на коцки
5 лажици исецкани бадеми или лешници на листови

Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 175 целзиусови степени.

– Огноотпорните садови во кои ќе го печете колачот премачкајте ги со путер. Потоа посипете со по 1 лажичка брашно.

– Измијте ги сливите, извадете им ги семките и исечете ги на помали парчиња.

– Во еден сад ставете ги путерот, брашното, мелените ореви и лешници, шеќр, цимет и ванилин шеќер и со раце замесете ронливо тесто.

– Во садовите прво ставете по еден слој сливи, одозгора ставете еден слој од ронливото тесто и на крај посипете со на листови исецканите бадеми или лешници.

– Ставете да се печат во загреаната рерна 40-45 минути додека тестото добие убава златна боја.

– Оставете да се излади, посипете со шеќер во прав и послужете. По желба може да го послужите со изматена слатка павлака или сладолед од ванила.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска