Колач со сливи и чоколадни наполитанки

Од:

Идеален есенски колач …

Потребно е:
100 гр чоколадни наполитанки
200 гр путер
50 гр шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 жолчки
2 белки
150 гр брашно
1/2 прашок за пециво
100 гр гриз
200 мл млеко
500 гр сливи
50 гр мелени ореви
50 гр изрендано црно чоколадо
50 гр изрендано бело чоколадо
50 гр мелени лешници

Подготовка:
– Чоколадните наполитанки ситно исецкајте ги и ставете ги во еден подлабок сад.

– Во садот додадете ги растопениот путер, шеќерот, ванилиниот шеќер, жолчките и изматете со миксер.

– Додека матите, постепено додадете го и брашното и прашокот за пециво.

– Потоа додадете го гризот и на кај сипете го млекото. Убаво изматете.

– Белките кои претходно сте ги изматиле во густ шлаг додадете ги во добиената смеса и полека измешајте со дрвена лажица.

– Сливите убаво измијте ги и поделете ги на половинки. Ставете ги на дното на калапот каде ќе го печете колачот и убаво распоредете ги да го покријат целото дно на калапот.

– Одозгора посипете ги со мелени ореви и изрендано чоколадо.

– На крај рамномерно распоредете ја изматената смеса.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Печениот колач извадете го од рерна и превртете го на чинија за сервирање.

– Одозгора посипете го со изрендано бело чоколадо и мелени лешници и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска