Колач со кокос и крем карамел

Од:

За сите љубители на карамел и кокос …

Потребно е:
4 јајца
500 мл млеко
150 гр шеќер + 50 гр шеќер за карамелот
120 гр кокосово брашно

Подготовка:
– Во сад на рингла растопете го шеќерот и оставете го да се карамелизира. Потоа сипете го во мала правоаголна тава.

– Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го малку загреаното млеко, кокосовото брашно и измешајте.

– Смесата сипете ја над карамелот во тавата и ставете ја во друга поголема тава.

– Сипете вода во поголемата тава до средината на тавата. Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 50 минути.

– Додека се пече колачот, кокосот ќе исплива на површината и ќе формира кора. Кога оваа кора ќе добие убава румена боја, проверете со дрвена чепкалка за заби дали е печено.

– Ако уште не е печен колачот, покријте го со фолија за да не изгори кокосот.

– Печениот колач извадете го од рерна и оставете го да се излади. Потоа преку ноќ ставете го во фрижидер. Утредента превртете го на чинија.

– Посипете го со кокосово брашно, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска