Колач со карамел бонбони

Од:

Вкусен старински колач …

Потребно е:
1 чаша (од 200 мл) шеќер
2 чаши брашно
1/2 чаша мелени ореви
1 чаша кисело млеко
1/2 чаша масло
1 лажица сода бикарбона
1 кесичка карамел бонбони
125 гр путер

Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги шеќерот, брашното и мелените ореви.

– Додадете го киселото млеко со содата бикарбона во него. Измешајте и додадете го маслото. Повторно измешајте додека да добиете хомогена смеса.

– Во претходно намастена тава и посипана со малку брашно сипете ја горната смеса и израмнете ја.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 целзиусови степени додека да добие убава боја. Проверете со дрвена чепкалка за заби дали е печено тестото.

– Во сад на пареа ставете ги бомбоните и путерот и мешајте додека да се растопат.

– Топлата смеса сипете ја над испеченото тесто.

– Оставете го колачот да се излади, исечете го на парчиња и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска