Нема да го жалите времето што ќе го потрошите за подготовка на овој прекрасен колач …
Потребно е:
за тестото:
250 гр брашно
60 гр шеќер
1 прстофат сол
125 гр ладен путер исечен на мали коцки
1 јајце
1/2 лажиче цимет во прав
за филот:
600 гр јаболки, излупени и исецкани на тенки кришки
3 големи сливи
2-3 лажици лебни трошки
1 лажица шеќер во прав
1/4 лажиче цимет во прав
1 лажица пченкарен скроб, за валкање на јаболките
за кремот:
1 пудинг од ванила
3- 4 лажици шеќер
550 мл млеко
1/2 чаша сецкани ореви, за посипување
Потребно е:
– Изматете го путерот со шеќерот. Додадете го јајцето и постепено додавајте го брашното и циметот. Убаво изматете. Тестото формирајте го како топка. Одвоите 1/3 од тестото, завиткајте го во пластична фолија, истенчете го со раце и ставете го во фрижидер околу 30 минути. И останатото тесто завиткајте го во пластична фолија и исто ставете го во фрижидер.
– За тоа време излупете ги јаболките, исечете ги на кришки и испрскајте ги со сок од лимон, за да не потемнат. Сливите исечете ги на четвртинки.
– Подгответе го кремот. Помешајте го прашокот за пудинг и шеќерот со малку млеко (од тие 550 мл). Останатото млеко ставете го да се вари и во врелото млеко сипете ја смесата со пудинг. Варете со постојано мешање додека да се згусне. Оставете да се излади.
– Извадете го поголемото тесто од фрижидер и развлечете го на набрашнета работна површина во форма на круг со дијаметар од 30 см. Калапот за торта, со страница која се вади, намастете го и покријте го дното со хартија за печење. Префрлете го тестото во калапот и со прсти формирајте ги високо рабовите на тестото.
– Тестото посипете го со лебните трошки. Парчињата јаболки извалкајте ги во пченкарниот скроб и шеќерот во прав и наредете ги на тестото. Помеѓу јаболките распоредете ги парчињата сливи. Одозгора рамномерно распоредете го изладениот крем.
– Извадете го вториот дел од тестото од фрижидер и изрендајте го над кремот. Одозгора посипете со сецкани ореви.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 40-45 минути.
– Печениот колач оставете да се излади, извадете го од калапот и ставете го на чинија. Исечете го на парчиња и сервирајте.