Вкусен кремаст колач со јаболки …
Потребно е:
околу 400 гр Petit Beurre бисквити
1,5 кг јаболки
175 гр шеќер
600 мл сок од јаболки
сок од 1 лимон
2 кесички бурбон ванила шеќер
300 мл сок од јаболки
3 кесички пудинг од ванила
250 мл слатка павлака
чоколадо за посипување
Подготовка:
– Излупете ги и крупно изрендајте ги јаболките. Додадете сок лимон, шеќер, ванилин шеќер и сок од јаболки и ставете го садот на рингла да се вари. Кога ќе почне да врие варете 15-тина минути додека да омекнат јаболките.
– Додека се варат јаболките подговете го пудингот. Во 300 мл сок од јаболки изматете 3 кесички пудинг од ванила. Кога ќе омекнат јаболките додадате го пудингот и разматете го во јаболките. Варете го неколку минути со постојано мешање додека да се згусне. По желба може да додадете цимет во смесата.
– Смесата со варените јаболки поделете ја на 3 дела, од кој третиот треба да биде најмал.
– Во тава со големина 25х30 см ставете прво еден ред бисквити. Над бисквитите ставете еден слој од варените јаболки и рамномерно распоредете го. Потоа ставете втор ред бисквити и одозгора вториот дел од варените јаболки. И на крај трет ред бисквити и одозгора најмалиот дел од варените јаболки.
– Израмнете, покријте со хартија за печење и оставете го убаво да се стегне пред да го послужите.