Вкусен и сочен посен колач …
Потребно е:
250 гр гриз
500 мл бело вино
500 гр мелени ореви
250 гр шеќер
4 лажици масло
1 лажица брашно
1 лажиче сода бикарбона
1 изрендано морско оревче
Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги сите состојки и измешајте ги.
– Калапот во кој ќе го печете колачот намастете го со масло и посипете со малку брашно.
– Сипете ја смесата и израмнете. Треба да биде со дебелина околу 2 см. Оставете го да стои 30-тина минути.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени 15-20 минути.
– Колачот исечете го на парчиња, увалкајте ги во шеќер и послужете.