Колач со цреши и прелив од павлака

Од:

Ова ќе биде вашиот омилен колач …

Потребно е:
за кората:
4 јајца
8 лажици шеќер
125 гр путер
12 лажици брашно
1 прашок за пециво
1 лажиче екстракт од ванила
1 лажица какао
околу 40 цреши

за преливот:
250 гр кисела павлака
100 гр крем сирење
3 лажици шеќер во прав
1 јајце
1 лажица нишесте
1 ванилин шеќер

Подготовка:
– Извадете ги семките на црешите.

– Изматете ги јајцата и шеќерот. Полека додадете го растопениот путер, а потоа и брашното заедно со прашокот за пециво. Додадете го екстрактот од ванила и убаво измешајте.

– Тавата со димензија 24х24 см обложете ја со хартија за печење, но оставете дел од хартијата да излегува надвор од тавата.

– Од смесата за колачот земајте лажица по лажица и сипете ги една до друга на мало растојание во тавата.

– Од смесата оставете малку и во тоа додадете го какаото. Убаво измешајте. Оваа кафена смеса распоредете ја на неколку места до светлата смеса.

– Сега наредете ги црешитесо отворот кон горе.

– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 10-12 минути.

– Додека се пече колачот направете го преливот. Во еден сад измешајте ги павлаката, крем сирењето, шеќерот во прав, јајцето, нишестето и ванилиниот шеќер.

– Со оваа смеса прелијте го запечениот колач и повторно вратете го во рерна. Допечете го уште околу 30 минути. Проверете со дрвена чепкалака за заби дали е печен колачот.

– Печениот колач внимателно извадете го од тавата и отстранете ја хартијата. На решетка оставете го да се излади. Потоа посипете го со шеќер во прав, исечете го на 12 коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска