Вкусен ароматичен колач за овие студени зимски денови.
Потребно е:
250 гр интегрално пченкарно брашно
½ кесичка прашок за пециво
3 средни банани
1 јаболко
2 јајца
50 мл масло
50 гр суво грозје
50 гр сецкани суви кајсии
50 гр сецкани суви сливи
50 гр сецкани ореви
Подготовка:
– Испасирајте ги бананите и јаболкото. Треба да добиете околу 400 мл овошна каша. Ако имате помалку додајте малку сок од цеден портокал или уште малку овошје до 400 мл.
– Во подлабок сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво, додајте ја овошната каша, јајцата и маслото и мешајте додека смесата не се изедначи. На крај додајте ги и сецканото овошје и оревите.
– Смесата истурете ја во помало четвороаголно тавче кое претходно сте го обложиле со харија за печење.
– Печете во загреана рерна околу 40 минути на 180-200 степени целзиусови.
– Колачот не нараснува многу. Оставете го убаво да се излади и потоа сечете го на мали коцки.