Колач од сирење со лимон

Од:

Ако го сакате вкусот на свежото сирење во колачи тогаш задолжително мора да го подготвите овој колач …

Потребно е:
за тестото:
6 жолчки
150 гр путер или маргарин
50 гр мелени ореви
1 ванилин шеќер
260 гр брашно
150 гр мармалад од малини
130 гр шеќер

за филот:
500 гр свежо сирење
150 гр шеќер
1 ванилин шеќер
50 гр брашно
6 белки
изрендана кора од 2 лимони

за декорирање:
шеќер во прав

Подготовка:
– Во еден сад изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер.

– Додадете го путерот или маргаринот кој претходно сте го растопиле и изладиле. Додадете ги и мелените ореви и убаво измешајте да се соединат сите состојки.

– На крај додадете го брашното и повторно измешајте со дрвена лажица.

– На масна хартија ставете половина од тестото и покријте го со друго парче масна хартија. Со сукало истенчете го тестото со големината на тавата во која ќе го печете колачот.

– Намастете ја тавата во која ќе го печете колачот (21х36 см), а потоа посипете ја со малку брашно.

– Во тавата префрлете го тестото заедно со хартијата за печење и потоа извадете ја. Тестото кое излегува од страните на тавата исечете го.

– Тестото премачкајте го со мармаладот од малини.

– Преминете на подготовка на филот. Изматете ги белките во густ шлаг.

– Во друг сад ставете ги свежото сирење, шеќерот, ванилиниот шеќер, кората од лимон, брашното и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Додавајте ги постепено белките и мешајте полека со дрвена лажица. Вака подготвениот фил распоредете го над мармаладот.

– Повторете ја истата постапка и за остатокот од тестото. Префрлете ја кората од второто тесто во тавата, одвоите ја хартијата и исечете го вишокот тесто.

– Тестото на повеќе места избоцкајте го со вилушка.

– Колачот ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-35 минути.

– Испечениот колач оставете да се излади, исечете го на парчиња, посипете со шеќер во прав и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска