Навистина ќе го подготвите многу брзо и лесно …
Потребно е:
450 гр јагоди
170 гр шеќер
170 гр брашно
3 јајца
Подготовка:
– Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер околу 2 минути.
– Додадете го брашното и полека измешајте. Потоа додадете ги јаготите исецкани на помали парчиња и повторно измешајте.
– Смесата сипете ја во намастен калап за торта или кружна тава и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени првите 5 минути, а потоа на 175 степени уште 30-тина минути. Проверете дали е печен колачот со чепкалка за заби.