Ако имате јаболки и малку марципан веднаш може да го направите овој вкусен колач …
Потребно е:
за тестото:
1 1/2 чаша брашно
5 лажици ладен путер
6 лажици ладна вода
за филот:
700 гр јаболки
100 гр марципан
2 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажици Амарето
1 лажица сок од лимон
за сирупот:
2 лажици шеќер
1 лажица Амарето
Подготовка:
– Во брашното додадете го ладниот путер исецкан на коцкички. Измешајте со вилушка така да добиете ронливо тесто. Постепено додавајте вода во која претходно сте додале сол и измешајте за да се соединат состојките. Од тестото обликувајте топка, замотајте ја во пласична фолија и ставете ја во фрижидер да стои половина час.
– Извадете го тестото од фрижидер и развлечете го во облик на калапот каде ќе го печете колачот.
– Калапот намастете го убаво со путер и потоа ставете го тестото така што оставете 2-3 см од тестото да виси надвор од калапот.
– Марципанот малку омекнете го со раце, развлечете го со големина на калапот и ставете го на тестото.
– Јаболките излупете ги и исецкајте ги на тенки кришки. Посипете ги со шеќер и ванилин шеќер и попрскајте ги со сокот од лимон и Амарето.
– Нанесете ги на марципанот. На крај со вишокот од тестото формирајте витка.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 190 целзиусови степени околу 45 минути.
– Извадете го колачот од рерна и премачкајте ги со сирупот од 2 лажици шеќер и 1 лажица Амарето.