Колач од хељда, рогач и јаболки

Од:

Едноставен за подготовка, без силен вкус на брашното од хељда, мирислив на цимет, а сепак чоколаден …

Потребно е:
100 гр брашно од хељда
50 гр мелен рогач
200 гр шеќер или 150 гр фруктоза
150 гр мелени ореви
1,5 лажиче прашок за пециво
2 лажичиња цимет во прав
4 јаболки (околу 700 гр)
1 јајце

за преливот:
100 гр чоколадо за готвење
3 лажици млеко или вода
3 лажици масло

Подготовка:
– Излупете ги јаболките и изрендајте ги. Додадете шеќер, цимет. прашок за пециво и јаце и убаво измешајте.

– Додадете ги и останатите состојки и со лажица убаво измешајте да добиете лепливо тесто.

– Добиеното тесто сипете го во помала четвороаголна тава (20х30 см) обложена со хартија за печење и убаво израмнете го.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.

– Чоколадото искршете го на помали парчиња и ставете го во еден сад заедно со млекото и маслото. Садот ставете го врз друг сад полн со вода на рингла. Оставете да се растопи чоколадото со постојано мешање.

– Растопеното чоколадо прелијте го врз испечениот и изладен колач и оставете го на собна температура убаво да се излади. Потоа колачот ставете го во фрижидер за да се стегне убаво прелиот.

– Исечете го на коцки и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска