Колач со малини и бисквити

Од:

Одличен кремаст овошен колач…

Потребно е:
за бисквитното тесто:

4 јајца
150 гр шеќер
150 гр брашно
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за пециво

за филот:
2 кесички пудинг од ванила
875 гр смрзнати малини
150 гр шеќер во прав
100 мл слатка павлака
12 листови желатин
12 бисквити

Подготовка:
– Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги брашното и прашокот за пециво и убаво изматете.

– На дното на тавата во која ќе го печете колачот (24х24 см) ставете хартија за печење, а страните премачкајте ги со маргарин.

– Сипете ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби кога ќе биде печено тестото, извадете го од рерна  оставете да се излади.

– Додека се пече тестото направете го филот. Во сад на рингла, на тивко ставете ги да се варат малините со шеќерот во прав околу 15 минути.

– Листовите желатин ставете ги во ладна вода да се омекнат.

– Додека се варат малините земете половина од желатинот, исцедете го и потоа убаво изматете го со 5-6 лажици од врелата смеса со малини. Ова полека сипете го во садот каде се варат малините и полека измешајте. Тргнете го садот на страна и оставете да се излади.

– Варените малини кога ќе почнат да се желираат сипете ги над тестото и оставете убаво да се излади.

– За тоа време направете го пудингот според упатството на пакувањето.

– Од пудингот земете 5-6 лажици и додадете го преостанатиот желатин. Убаво изматете и ова додадете го во пудингот. Полека измешајте.

– Додека пудингот е уште врел прелијте го над смесата со малини. Одозгора наредете ги бисквитите.

– Оставете го колачот убаво да се излади во фрижидер.

– Изматете ја слатката павлака и со неа украсете го колачот. На крај ставете и цели малини за декорација.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска