Еве едне одличен начин како да подготвите колачиња од сладок компир без шеќер …
Потребно е:
225 гр испечен и испасиран сладок компир
150 гр мелени бадеми
100 гр урми
1,5 лажиче цимет во прав
1/2 лажиче какао во прав
1 лажиче паста од ванила
изрендана кора од 1 портокал
кокос, за валкање на колачињата
Подготовка:
– Измијте ги компирите, исушете ги и испечете ги во рерна. Оставете да се излдат, излупете ги и исечете ги на коцкички.
– Сите состојки ставете ги во блендер и сомелете ги во глатка смеса.
– Ако урмите се тврди, потопете ги во топла вода и оставете да омекнат. Исцедете ги и извадете им ги семките.
– Немојте да ги ставате сите бадеми одеднаш. Во зависност од слатките компири колку имаат течност во нив, толку ќе додадете бадеми (прво ставете 60 гр и ако има потреба ќе додадете уште).
– Направете топчиња со големина по желба. Оставете ги барем половина час да стојат во фрижидер.
– Извадете ги, увалкајте ги во кокос, ставете ги во хартиени корпички и послужете.