Кокос корнфлекс кекси

Од:

Овие крцкави кокос корнфлек кекси спаѓаат во најдобриот вид утрински кекси за појадок кои идеално одат со чај или млеко.

Потребно е:
130 гр омекнат путер
160 гр шеќер
јајца
1/3 лажичка екстракт од ванила
2 лажици суво грозје
100 гр кокосово брашно
1/2 лажичка сода бикарбона
1/3 лажичка прашок за пециво
250 гр меко брашно (за торти и колачи)
90 гр полуискршен пченкарен корнфлекс

Подготовка:
– Во еден сад изматете го со миксер омекнатиот путер со шеќерот околу 3 минути. Потоа додадете ги јајцата едно по едно со постојано матење. Додадете го и екстрактот од ванила.

– Брашното измешајте го со сода бикарбона и прашок за пециво. Оваа смеса додадете ја во путер кремата и кратко измешајте за да се соединат сите состојки.

– Додадете го и брашното од кокос и сувото грозје и измешајте убаво со лажица или пак со раце.

– Со навлажнети раце од оваа смеса формирајте топчиња. На секое топче додавајте по малку од искршениот корнфлекс и со прсти притиснете ги во тестото. Дел од парчињата корнфлекс треба да биде во топчињата, а дел од надвор.

– Вака подготвените кекси наредете ги во тава на хартија за печење. Меѓу нив оставете малку растојание затоа што ќе нараснат додека се печат.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска