Едноставен колач со чоколадо и кокос …
Потребно е:
6 јајца
6 лажици шеќер
5 лажици брашно
3 лажици какао во прав
3 лажици масло
1 прашок за пециво
за кремот:
1 л млеко
6 лажици шеќер
15 лажици брашно
150 гр кокос
50 гр маргарин
за глазурата:
100 гр чоколадо за готвење
3 лажици масло
Подготовка:
– Изматете ги јајцата и шеќерот околу 5 минути, а потоа додадете го брашното измешано со прашокот за пециво, какаото и 3 лажици масло. Повторно убаво изматете.
– Тавата во која ќе го печете тестото (35х25 см) премачкајте ја со маргарин и посипете со брашно. Сипете ја смесата и израмнете ја.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени 15-20 минути.
– Додека се пече тестото сварете го кремот. Во сад на рингла ставете го млекото и шеќерот да се варат.
– Во друг сад измешајте ги остатокот од млекото и брашното (внимавајте да не ви останат грутки). Оваа смеса полека додавајте ја во врелото млеко и мешајте неколку минути додека да се згусне.
– На крај во топлата смеса додадете ги кокосот и маргаринот и убаво измешајте.
– Уште топлиот крем премачкајте го на испеченото тесто. Оставете да се излади.
– За глазурата растопете го чоколадото со додавање на маслото. Топлата глазура прелијте ја над колачот и оставете да се излади.
– Украсете по желба.