Кокос фантазија колач (посно)

Од:

Неодолив посен колач …

Потребно е:
180 мл кокосово млеко + 60 мл за карамелот
250 гр кокосово брашно
180 гр брашно
5 помали зрели банани
60 гр пченкарно скробно брашно
130 гр шеќер
250 гр кафеав шеќер – за карамелот
1 лажиче изрендана кора од лимон
20 гр маргарин

за карамел кремот:
250 гр шеќер
60 мл кокосово млеко

Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.

– Во еден сад измешајте ги кокосовото млеко и кокосовото брашно и оставете да отстојат 10-15 минути.

– Со маргаринот премачкајте го калапот за печење.

– Во друг сад помешајте ги пченичното и пченкарното скробно брашно со шеќерот. Додадете ја смесата со кокосово млеко и брашно и измешајте.

– Во длабока чинија испасирајте ги бананите и додадете ги во горната смеса. Додадете ја изренданата кора од лимон и убаво измешајте.

– Тестото сипете го во намастениот калап и ставете да се пече во загреаната рерна 50-55 минути.

– Додека се пече колачот направете го карамел кремот. Во сад на рингла ставете го шеќерот и кокосовото млеко и варете ги додека смесата не стане кремаста. Оставете да се излади.

– Готовиот колач извадете го од калапот и оставете да се излади.

– Исечете го на парчиња и послужете прелиен со карамел кремот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска