Кокев не однесе на нова дестинација со колекцијата „Пустинска роза“

Од:

Со колекцијата, но и со целокупното доживување, Кокев вчера нè однесе во една нова дестинација. Летната колекција на секојдневна гардероба на Кокев беше инспирирана од пустинските оази, а моделите беа вид оживеани пустински рози.

Колекцијата од природни материјали, со комбинација на живи бои и смирени тонови, на моменти имаше драматични пресврти преку креациите со животински принтови. Се чувствуваше дека од иницијалната идеја да се направи сафари колекција, дизајнерката направила нешто повозбудливо, вметнувајќи живост во креациите и во својот препознатлив печат на елеганција и чисти форми.

Ревијата заврши со фасцинантна, рачно сликана венчаница, од чија уникатност застануваше здивот.

Режијата на Дејан Пројковски, како и сценографијата на Искра Јанковска Михајловска ја направија ревијата повеќе од само ревија. Доживувањето наликуваше на театарско, успевајќи да нè пренесе во пустински шатор, каде што група девојки сосема спонтано уживаат на зајдисонцето во една оаза.

Кореографијата на Олга Панго придонесе да ги видиме моделите во навистина секојдневна атмосфера, наместо само на модната писта.

Музиката на Соња Исмаил го потенцираше концептот, така што минувајќи низ африкански мотиви заврши со песната на Стинг, главната инспирација на ревијата – „сонувам за дожд, сонувам за градини во пустинскиот песок, залудно се будам, сонувам за љубов додека времето тече низ мојата рака…“

Дизајнерката Тања Кокев успеа да направи нешто навистина интересно „По долгиот период затвореност за сите нас, имав потреба да направам колекција што ќе нè однесе некаде далеку, во свет на опуштеност, романтика и уживање, каде што можеме да го ослободиме дивото во нас… Сега чувствувам дека имам многу нова енергија, која, секако, и натаму ќе ја преточувам во креирање.“

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски