Кој е најкус комерцијален лет?

Од:

По 24 години еден шкотски пилот последен пат управуваше со авион на досега најкусата авио линија во светот, чиј лет трае помалку од една минута.

Стјуарт Линклејтер, пилот на компанијата „Логанер“ последен пат летал со авион на линијата меѓу Вестреј и Западен Вестреј на островот Оркни во Шкотска, која е долга помалку од два километри и трае околу 47 секунди, во зависност со јачината на ветерот.

Линклејтер ја извозел оваа куса линија за 24 години повеќе од 12 илјади пати, а повратниот билет чини 21 англиска фунта, со што е еден од најскапите летови во светот.

Оваа линија во планот на летање на компанијата „Логанер“ е воведена уште во 1967 година, кога е воспоставен внатрешниот авиосообраќај на островот, а Линклејтер во компанијата се вработил во 1988 година.

– Уживав во пилотирањето целото време додека летав на оваа линија и запознав многу интересни луѓе. Иако линијата е куса, временските услови во овој дел на Шкотска се мошне сложени, така што тоа воопшто не е вообичаена работа, но уживав во секоја минута, рече тој.

Оваа авио линија на населението ќе му биде на располагање до 2016 година, со можност за продолжување за уште 12 месеци. Од друга страна најдолг комерцијален лет во светот е тој меѓу Лос Анџелес и Сингапур, кој трае 18 часа, а според последните информации би требало да биде укинат до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска