Британскиот сајт LastMinute.com ги откри „најлудите“ барања на туристите, кои нивните вработени честопати ги прават, во најмала рака, збунети.
Меѓу нив е и барањето на еден турист од штала во Доминиканската Република да се исфрли еден коњ, затоа што му оставил „црвен задник по јавањето“, а како доказ за тврдењето испратил и фотографии.
Втор, пак, се пожалил дека нијансаата на завесата во хотелската соба „не е во тон“ со прекривката на креветот.
Повеќе пати се јавувале љубоморни момчиња, барајќи хотелскиот аниматор да добие отказ. На сите им пречело тоа што ги гледал нивните девојки.
Од друга страна, имало и такви кои на патувањето им цветале рози и кои со мејл од сајтот го барале телефонскиот број на убавата девојка која ја запознале на летувањето, но не можеле да се сетат каде и кога.
Имало и такви кои во рамки на цената сакале да добијат бесплатно садење цвеќе и информации за температурата на морето во Маракеш.