Кога и со колку пари летуваат Европејците

Од:

Над една половина Европејци (54 отсто) како лани и оваа година имаат намера да патуваат во периодот јуни-септември, 43 отсто немаат такви планови, додека три отсто од анкетираните не се изјасниле, објави истражувачкиот центат Ипсос.

Оваа стапка од почетокот на кризата е во пад, со 67 отсто во 2008 падна на помалку од 60 отсто во 2012 година, а и понатаму бележи пад.

Студијата, која опфати 3.505 полнолетни граѓани на Европа, исто така открива дека разликите меѓу побогатиот Север и посиромашниот Југ се очигледни, во смисла на зголемен или намален интерес за туристички аранжмани ова лето.

Тренд на раст на планирани патувања до сега бележи Германија, така 56 отсто граѓани на оваа земја имаат намера да патуваат ова лето, што е за 4 процентни поени повеќе од лани. Уште поголем раст има кај Австријците, 68 отсто од нив ќе патуваат во периодот јуни-септември, а тоа е за 11 процентни поени повеќе од 2013 година.

Наспроти тоа, Французите ова лето помалку ќе патуваат, 58 отсто од нив имаат такви намери, што е за 4 процентни поени помалку од 2013 година и за 8 поени помалку од 2012 година, покажува истражувањето. На тој начин оваа стапка се приближува на европскиот просек.

Намален интерес за туристички патувања оваа година има и во Велика Британија, каде 54 отсто граѓани планираат да патуваат ова лето, што е пад за 2 процентни поени, потоа Италија во која патување планираат 54 отсто жители, или за 1 поен помалку, и во Белгија каде бројот на тие што планираат да патуваат е намален за 2 поена, на 47 отсто.

Исто така, само 42 отсто граѓани на Шпанија, земја со висока стапка на невработеност, размислуваат за летување, што е стабилно ниво во однос на минатата година.

Просечниот буџет за патувања во Европа ова лето е нешто поголем и изнесува 2.313 евра, во однос на 2.242 евра во 2013 година. Меѓутоа, разликите во планираното трошење меѓу северот и југот се продлабочуваат.

Оваа година граѓаните од северот (Велика Британија, Германија, Белгија, Австрија) во просек ќе потрошат 700 евра повеќе од Французите, Италијанците, Шпанците, додека во 2008 година таа разлика изнесувала само 370 евра.

Во поглед на просечниот буџет за патувања на чело се Британците со 2.932 евра, следат Белгијанците со 2.577 евра, Австријците со 2.542 евра и Германците со 2.397 евра. По Германците се Французите со 2.227 евра и Италијанците со 1.798 евра. Шпанците со 1.723 евра во трошењето за летување ќе бидат најскромни.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска