Коцки со ореви

Од:

Колачите со ореви се неодоливи, а посебно овој во кој оревите се искомбинирани со многу вкусен фил од вишни …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
6 јајца
150 гр шеќер
50 гр пченично остро брашно
30 гр какао

за кремот од ореви:
200 гр мелени ореви
100 мл млеко
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
120 гр путер

за филот:
250 гр џем од вишни
50 мл вода
1-2 лажици рум

Подготовка:
– Јајцата и шеќерот пенесто изматете ги. Додадете ги брашното и какаото и убаво узмешајте.

– Смесата сипете ја во тава (36х20 см) претходно премачкана со масло и посипана со малку брашно и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.

– Во меѓувреме загрејте го млекото до вриење, додадете ги шеќерот и оревите, измешајте и кратко варете ја смесата на тивко.

– Путерот пенесто изматете го и додадете го во малку изладената смеса со ореви.

– Во еден сад на рингла ставете ги џемот од вишни, водата и румот и кратко варете ги. Оставете да се излади и потоа премачкајте го изладеното бисквитно тесто.

– Одозгора распоредете го подготвениот крем од ореви.

– Пред да го послужите колачот убаво изладете го и исечете го на коцки.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска