Едноставен за подготовка, а ќе се изненадите колку е вкусен …
Потребно е:
500 гр бисквити (Petite Beure)
250 гр путер
250 гр шеќер во прав
250 гр чоколадо за готвење
2 лажици какао
5 лажици масло
150 гр мелени ореви
250 мл сварено црно кафе
50 гр кокосово брашно
Подготовка:
– Во еден сад пенесто изматете го путерот со шеќерот во прав.
– Сварете го кафето без додаток на шеќер и оставете го да се излади.
– 150 гр чоколадо растопете го на пареа и додадете го кај разматениот путер. Убаво измешајте.
– Потоа додадете ги мелените ореви и какаото. Убаво изматете со миксер.
– Во една чинија ставете го изладеното кафе. Бисквитите квасете ги во кафето и редете ги во тавата. Кога ќе завршите со еден ред премачкајте го со 1/3 од чоколадниот фил.
– Сега наредете го вториот ред и повторно премачкајте со 1/3 од филот. Истото направете го и со третиот ред. Одозгора завршете со фил.
– Остатокот од чоколадото со маслото растопете го и премачкајте го најодозгора. Оставете да се излади неколку минути и посипете го кокосовото брашно.
– Колачот ставете го во фрижидер да се излади (најубаво преку ноќ), пресечете го на коцки и послужете го.