Овие вкусни посни залачиња подгответе ги како денешно предјадење …
Потребно е:
500 гр компир
500 гр брашно
презли
сол
Подготовка:
– Измијте ги убаво компирите и ставете ги да се варат со лушпа во посолена вода.
– Кога ќе бидат варени излупете ги, испасирајте и додадете им сол по вкус. Замесете ги со брашното.
– Откако убаво ќе го измесите тестото од компир и брашно, расускајте го со оклагија.
– Со нож сечете квадратчиња од тестото. Ставете ги да се варат во тенџере со солена вода што врие.
– Кнедлите се варени кога ќе испливаат на површината на водата.
– Кога ќе бидат готови увалкајте ги во презла и служете ги топли као прилог, на пример со риба.