Вкусно, ароматично предјадење …
Потребно е:
110 гр остро брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
1 конзерва туна
мелен црн бибер, сол
60 мл млеко
1 јајце
1 лажица маслиново масло
2 млади кромидчиња
1/2 луто чили пиперче
150 гр пченка од конзерва
масло за пржење
за сосот:
200 мл јогурт
1 лажица сенф
1/2 луто чили пиперче
1 лажиче сок од лимон
Подготовка:
– Измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Додадете ги млекото и јајцето и изматете за да добиете хомогена смеса.
– Потоа додадете ги сецканото чили пиперче, исецканите млади кромидчиња и исцедената пченка. Додадете 1 лажица маслиново масло, сол, бибер и туната од конзерва и убаво измешајте.
– Со лажица вадете од подготвената смеса и ставајте да се пржат на намастена загреана тава по две минути од секоја страна.
– За сосот, во 200 мл јогурт додадете 1 лажица сенф, сок од лимон и ситно сецкано чили пиперче. Убаво измешајте.
– Печените пченкарни ќофтиња послужете ги со сосот.