Ќофтиња од компири со чаден лосос

Од:

Брзи, едноставни и со многу арома …

Потребно е:
за ќофтињата:
околу 600 гр компири
1 јајце
2 лажици брашно
1 лажиче прашок за пециво
сол, бибер
1 лажица сецкан власец

за преливот:
5 лажици крем сирење
3 лажици грчки јогурт
1/2 лажиче сецкан свеж копар

околу 50 гр чаден лосос
1 лимон

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги крем сирењето, грчкиот јогурт и копарот. Ставете ги во фрижидер.

– Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Во водата ставете и сол. Внимавајте да не ги преварите компирите. Исцедете ги од водата и оставете да се изладат.

– Потоа изрендајте го на крпно ренде. Додадете јајце, сол и бибер по вкус, власец, брашно и прашок за пециво. Убаво измешајте да се поврзат сите состојки.

– Со раце земајте од смесата и обликувајте ќофтиња со дебелина околу 1 см. Наредете ги во чинија обложена со алуминиумска фолија и ставете ги 15-тина минути во фрижидер/

– Ќофтињата испржете ги во масло на средна температура додека да добијат златно-кафена боја од двете страни. Испржените ќофтиња ставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.

– Послужете ги топли со претходно подготвениот сос, парчиња чаден лосос и кришки лимон.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска