Ќофтиња од булгур

Од:

Потребно е:
за ќофтињата:
500 гр булгур
150 гр гриз
50 гр брашно
2 јајца
1 лажица пире од домати
1 лажица ајвар
сол, бибер
масло, за пржење

за филот:
400 гр мелено месо
100 гр ситно сецкани и пропржени ореви
2 главици кромид
2 лажици путер
1 црвена чили пиперка
1/2 китка магдонос
сол, бибер
мелена црвена пиперка

Подготовка:
– Измешајте ги булгурот и гризот и полијте ги со 800 мл провриена вода. Убаво измешајте со лажица и покријте го садот. Оставете да стои околу 30 минути за да омекнат. За тоа време подгответе го филот.

– Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на путер. Пред крај додадете го и сецканиот лук и уште кратко испржете.

– Додадете го месото и пржете со постојано мешање. Додадете ги сите зачини и на самиот крај и сецканата пиперка и сецканиот магдонос. Готовиот фил оставете да се излади.

– Во друга тава на рингла кратко испржете ги (без маснотија) сецканите ореви и додадете ги во месото.

– Во омекнатите булгур и гриз додадете ги сите останати состојки и со раце убаво замесете ја смесата додека да се поврзат сите состојки.

– Земајте од смесата парчиња со големина на јајце и обликувајте ги како чашки со постојано потопување на рацете во ладна вода.

– Наполнете ги со филот и потоа обликувајте ги како топчиња. Испржете ги во врело масло.

– Сервирајте ги со зелена салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска