Ако сте љубители на прокељ, тогаш овој рецепт нека биде вашиот избор за денешниот ручек …
Потребно е:
400 гр мелено јунешко месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 лажици млеко
2 лажици пченично бело брашно
200 мл пасирани домати
масло
сол, бибер
мелена црвена пиперка
1 морков
листови целер
1 страк праз (белиот дел)
6 топчиња прокељ
2 домати
1 зелена пиперка
200 мл бело вино
1 лажиче шеќер
1 лажица вински оцет
Подготовка:
– Исчистете ги и исецкајте ги морковот, пиперката, листовите целер и празот и пропржете ги на масло. Додадете ги прокељот, пасираните домати, сецканите домати, шеќерот, оцедот и мелената црвена пиперка.
– Зачинете со сол и бибер и варете околу 10 минути. Тргнете го садот од рингла и сипете го белото вино и повторно вратете го на рингла. Кога ќе испари алкохолот тргнете го садот на страна.
– Во еден сад ставете го меленото месо, ситно сецканите кромид и лук, млекото и солта и убаво измешајте. Со раце земајте парчиња од смесата и обликувајте ќофтенца. Извалкајте ги во брашно и испршете ги на врело масло да добијат убава златно-кафена боја.
– Испржените ќофтенца ставете ги во поголема тава, прелијте ги со подготвениот сос и ствате ги на рингла на умерена температура да се динстаат околу 20 минути.