Ароматични мали топчиња од месо …
Потребно е:
за ќофтенцата:
650 гр мелено јунешко месо
10 лажици лебни трошки
3 чешниња лук
1 јајце
1 лажица Ворчестер сос
1 лажиче сол
мелен црн бибер, по вкус
за сосот:
200 мл пиво
200 мл Барбикју сос
лут Табаско сос, по вкус
1/2 лажиче сол
сув власец
свеж магдонос
Подготовка:
– Во еден сад ставете го меленото месо и додадете ги лебните трошки, истолчениот лук, јајцето, Ворчестер сосот и зачинете со сол и бибер, по вкус. Убаво со рака измесете ја содржината за да се спојат сите состојки.
– Од оваа смеса обликувајте 25 мали ќофтенца.
– Во друг сад соединете ги пивото со Барбикју сосот, Табаско и сол.
– Во огноотпорен стаклен сад наредете ги ќофтенцата, прелијте ги со подготвениот сос и посипете со власец.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути.
– Ќофтенцата посипете ги со сецкан свеж магдонос и послужете ги со компири во прилог.