Кирил Џајковски ќе настапува на EXIT

Од:

Кремот на најактуелните регионални изведувачи кои ќе настапуваат на сцената на EXIT полека се комплетира. Како најнови ѕвезди кои се наоѓаат на листата ѕвезди се Кирил Џајковски, потоа „Бед копи“ (Србија), Дубиоза Колектив (Босна и Херцеговина), Урбан & 4 (Хрватска).

Организаторот најавува феноменална забава со инспиративни рок свирки, единствени хип хоп настапи, електронски звуци, а ќе има дел кој посветен на традиционалната балканска музика.

Од претходно, се потврдени настапите на најдобрата светска блуз гитаристка Ана Поповиќ и групата Пронг, која е дел од њујоршката метал сцена.


Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Маж падна од ѕидините на Петроварадинската тврдина

(ВИДЕО) Македонскиот бенд BDM годинава ќе настапи на EXIT

Последното одбројување започна: EXIT стартува за 10 дена

Егзит се откажува

Ана Ололовска

„Егзит“ во август, со најмалку 20 бини и зона ширум тврдината

Ана Ололовска

Фестивалот Егзит ќе се одржи во август

Ана Ололовска