Кинезите најмногу трошат на патувањата

Од:

Во текот на последните шест децении туризмот стана една од најбрзо растечките стопански гранки во светот.

Многу нови дестинации и унапредувењето на традиционалните туристички локации доведоа до тоа бројот на светски патници во декември 2012 година да прејде една милијарда.

Како споредба, во 1980 година патувале 277 милиони лица, а во 1995 година 528 милиони. Откако економијата на светско ниво почна да заздравува, минатата година беа регистрирани 1,087 милијарда патници, а најверојатно ова бројка и натаму ќе расте и тоа според прогнозите, за 3,3 отсто годишно до 2030 година.

Според статистиката, од Кина доаѓаат туристите кои најмногу трошат на патувањата или 129 милијарди долари годишно, што претставува раст од 26 отсто. На второ место се САД со 86 милијарди долари и раст од три отсто, додека трети се Германците со, исто така, 86 милијарди долари потрошени на патувања,но и раст од само два отсто. Британците се четврти, а Русите петти.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска