Репликата на славаната Голема сфинга од Гиза во природна величина, ќе мора да се отстрани од Кина, по жалбата од Египет.
Триесет метри високата и 60 метри долгата структура предизвика бес кај египетскиот министер за антиквитети кој апелираше до УНЕСКО репликата да биде отстранета.
Кинески официјални претставници велат дека репликата направена од челични шипки и цемент е наменета само за снимање филмови и ТВ драми.
-Имаме многу почитување за светското културно наследство и се извинуваме поради недоразбирањето, изјави претставник на владата кој не сакаше да биде именуван.
Во Кина постојат и реплики на планината Рашмор, Ајфеловата кула и едно цело австриско село.
Големата сфинга од Кина беше популарна меѓу локалните туристи, но секако, не можеше да го надмине оригиналот, кој е една од најфотографираните атракции во светот и секоја година привлекува илјадници туристи.
Сфингата е направена околу 2.500 година пред новата ера во време на владеењето на фараонот Кефрен и се смета дека е глава на статуа работена според неговиот лик. Со време таа била прекриена со песок што и помогнало да се зачува, пред конечно да биде откопана во 1925 година.