Кинески ученик фатен е во вандалски чин на испишување на сопственото име во древен египетски храм.
Кинеските посетители на храмот во Луксор биле згрозени кога го забележале натписот „Динг Јингхао беше тука“ на 3.500 години старите хиероглифи на ѕидот на храмот.
Тие ја објавиле фотографијата на графитот напишан на кинески јазик со коментари со кои изразуваат најдлабока осуда заради вандалскиот чин.
Туристот кој се потпишал како Шен рече:
– Тоа беше најтажниот момент во текот на моето претстојување во Египет. Ми беше срам. Се обидовме да ја избришеме таа срамота со шамивче, но беше тешко, затоа што не смеевме да користиме вода на 3.500 години стариот ѕид.
Идентитетот на Динг (15) е откриен, а неговите родители јавно упатиле извинување поради однесувањето на неговиот син.
– Се извинуваме на египетските власти и кинескиот народ. Тој разбра дека погрешил и ве молиме за ваше простување. Дајте му шанса да го исправи тоа што го направи, изјавија тие за кинеските медиуми.
Овој инцидент се случи само неколку недели откако Кина го претстави новиот закон со кој туристите ги предупредува дека на патувањата не смеат да се однесуваат нецивилизирано, не наведувајќи ги притоа можните санкции.
Вонг Јанг, еден од четворицата потпретседатели на Владата, исто така, ги предупреди кинеските туристи дека мораат да бидат пристојни додека се на патувања.