Кинески ќофтенца

Од:

За сите кои ја сакаат кинеската кујна …

Потребно е:
за 25 ќофтенца:
500 гр мелено јунешко месо
1 лажиче маслиново масло
1/2 лажиче ѓумбир во прав
1 јајце
2 чешниња лук
2-3 млади кромидчиња
2 лажици лебни трошки
свеж власец, за декорација

за сосот:
3 лажици кечап
3 лажици мед
1 лажица балзамико оцет
1 чешне лук
1 лажица сос од соја
1/2 лажиче маслиново масло
1/2 лажиче ѓумбир во прав

Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги меленото месо, маслиновото масло, ѓумбирот, јајцето, стиснатиот лук, ситно сецканиот млад кромид и лебните трошки. Убаво измешајте за да се поврзат сите состојки.

– Со рака земајте од смесата и правете ќофтенца малку поголеми од орев. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени, 10-15 минути, додека не поруменат малку одозгора.

– За сосот измешајте ги сите состојки и кратко загрејте ја смесата.

– Печените ќофтенца потопете ги во сосот и наредете ги на чинија за сервирање. прелијте ги со преостанатиот сос и посипете со сецкан власец.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска