Кинеска древна чинија продадена за 37,7 милиони долари

Од:

Порцеланска чинија од периодот на кинеската династија Сонг (960-1127), e продадена дeнeска на аукција, за 37,7 милиони долари, што е нов рекорд за кинескиот порцелан, соопшти аукциската куќа Сотбис.

Малиот предмет, којшто е стар речиси 900 години, го собори претходниот рекорд од 2014. кога чаша за вино на династијата Минг, беше продадена на неименуван шангајски тајкун за 36,05 милиони долари.

Почетната понуда за чинијата беше 10,2 милиони долари, наддавањето траеше 20 минути, а победничката понуда стигна преку телефон.

Чинијата има пречник од 13 сантиметри и се одликува со светкава сина глазура.

– Со оваа продажба е урнат светскиот аукциски рекорд на која било кинеска керамика, соопшти Сотбис.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска