Кина во потрага по „модерниот Марко Поло“

Од:

Градот Хангџоу во Кина е во потрага по странски патник-намерник, кој треба да стане „модерниот Марко Поло“, со плата од 40.000 евра.

Хангџоу, на истокот на Кина, е познат по преубавите мостови и канали, а во својот дневник од 13 век го опишал и славниот венециски патник Марко Поло.

Сега овој град трага по „луѓе од цел свет кои ќе тргнат по стапките на Марко Поло“.

Новиот Марко Поло ќе биде регрутиран преку Фејсбук (што е забранет во Кина) и ќе пристапи на интензивни тренинзи пред да појде на 15-дневно патување.

Неговата должност ќе биде да направи краток филм за Хангџоу и градот да го промовира на Интернет.

Понудата е отворена и за мажи и за жени.

-Да се биде модерен Марко Поло е многу интересна работа што некому може да му го промени животот, рече претставник на тамошна туристичка организација за односи со јавноста, Чен Ли.

-Тие можат да го пронајдат внатрашниот мир, токму како Кунг Фу Панда.

„Патувањата на Марко Поло“, напишана во 1298 година, ја опишуваат неговата авантура низ Азија, преку светот на егзотични билки и канибали. Книгата имала неверојатно влијание на европската перцепција за овој континент, но модерните историчари се сомневаат во нејзината веродостојност,па дури и во тоа дали Марко Поло воопшто некогаш бил во Кина.

Кина во 2011 година била трета најпосетена земја во светот, по САД и Франција, а ја посетиле вкупно 57,6 милиони туристи.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска