Кина подготвува идеална турнеја за оние кои ја сакаат науката, но и патувањето.
Кинеската академија на науките во моментов ја подготвува листата од десетте најголеми научни атракции во земјата – од најголемиот радио-телескоп до најпознатата хидроелектрана.
На врвот на листата секако се наоѓа „Небесното око“ – телескоп со пречник од 500 метри, што ќе биде користен за потрага по вонземјани.
На скицата се наоѓа и Опсерваторијата „Пурпурна планина“, што со децении е центар на астрономијата во Кина.
Во десетте најдобри научни атракции се и Островот на науката во Хефеј, Тропската ботаничка градина во Сишанбани и Музејот за наука и технологија во Шангај.